Connect with us

Фудбал

Веќе беше договорено заминување од Манчестер Јунајтед, а потоа еден тренинг промени се

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ремизираа синоќа на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1:1) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ одиграа прилично лош натпревар на „Ванда Метрополитен“, но во самиот финиш од натпреварот од првата сериозна шанса успеаја да стигнат до гол и солиден резултат пред реваншот на „Олд Трафорд“.

Херој на Јунајтед синоќа беше младиот Ентони Еланга, кој доби шанса од клупата, а тоа го искористи бидејќи на крајот од натпреварот постигна гол за конечни 1:1.

Ралф Рангник му даде шанса на Еланга во првиот тим кога ја презеде клупата на Јунајтед и тоа се покажа како многу добра одлука. Германскиот стручњак синоќа изјави дека Еланга е на чекор од заминување од Јунајтед, но дека се се сменило по еден тренинг.

„Знам дека имаше приказна дека клубот сака да го продаде, но потоа го видов на тренинг и се се смени. Се сеќавам дека тренираше пред Кристал Палас и тој беше убедливо најдобар во тоа и неверојатно колку се трудеше“, рече Рангник и продолжи.

„Ги замолив моите помошници да се распрашаат за неговата ситуација во клубот и знам дека ми рекоа дека веќе е договорена позајмица. Му дадов шанса против Палас, а потоа им реков на клупските челници да сметаат на него и да не дозволат тој дозволи“.

“Исто така му кажав дека мора да продолжи да работи напорно на тренинзите и да покаже дека тоа е вистинската одлука. Тој го направи тоа и на крајот од преодниот рок остана во клубот. Сега се покажа дека тоа е одлична одлука и не погрешивме“.