Connect with us

Други спортови

Веќе го резервирав датумот за борбата со Вајлдер

Британскиот боксер Ентони Џошуа е подготвен да се бори против Американецот Деонтеј Вајлдер уште на 13 април наредната година. Овој меч во тешка категорија веќе долго време се чека, но на крајот сите преговори пропаднаа, а Вајлдер се најде во рингот со Тајсон Фјури. Откако оваа фантастична борба заврши без победник, повторно се зборува за борба меѓу Џишуа и Вајлдер, но Американецот сака да му даде уште една шанса на Фјури, познат како „Крал на циганите”.

Џошуа гостувајќи на телевизијата ЕСПН, истакна дека има намера да се бори со Вајлдер и дека се е веќе подготвено, но и дека Американецот го има последниот збор.

– Вајлдер вели дека не сака да се бори со мене, но јас сум подготвен и ја сакам борбата против него уште на 13 април во Лондон. Не знам што уште да направам за оваа порака да стигне до него, изјави Џошуа.

Ентони Џошуа требаше на 13 април повторно да се бори против Дилан Вајт, но сега британскиот боксер и моментно сопственик на четири шампионски појаси во тешка категорија тврди дека го резервирал тој датум за меч во рингот со Американецот.

– Уверен сум дека треба да се борам со кого било од тие момци, одобрено против Деонтеј Вајлдер. Го резервирав терминот однапред, 13. април на стадионот Вембли и мислев дека со тоа јасно истакнав што сакам. Што треба да кажам друго, изјави Џошуа и додаде:

– Не сум заинтересиран за борбата против Фјури, бидејќи тој не е шампион. Им ав статус на линеален шампион за кој не ни знаев кога почнав да се борам. Знаев за ВБЦ, ИБО, ИБФ, ВБА и ВБО шампионските појаси, четири ги имама во своите раце и не знам од каде излезе оваа “линелана# титула. Но доколку и тоа треба да го земам ќе се борам и против Фјури. Сакам да се борам против шампионот, вели Џошуа.

– Јас сум тој што ја води глутницата откако дебитирав. Пет години, седум одбрани на титулата и јас ја предводам оваа работа. Не знам што уште да направам како оваа порака да се прошири по светот. Можеби досега се нема слушнато, бидејќи не одам наоколу со мраз околу врат и не зборувам за бројот на продадени преноси. Тоа не мој стил, но јас се грижам за својот бизнис и тоа го правам во рингот, заврши Џошуа.