Connect with us

Фудбал

Вељаноски: Стоиме цврсто на земја, Дрита е незгоден ривал

Охридските фудбалери утре (сабота) ги очекува нов натпревар во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ во рамките од третата рунда во Втората лига на гостински терен силите ќе ги одмерат со составот на Дрита.

Избраниците на Драган Бочески со реми против Гостивар и триумф над Велешта го отворија шампионатот, наспроти Дрита која има само бод после два одиграни натпревари.

Задоволни сме како ја отворивме сезоната, но стоиме цврсто на земја и не се залетуваме. Паузата во првенството ја искористивме да ги корегираме грешките и да се подобриме. Комплетно сме насочени кон дуелот со Дрита и подготвени сме за надигрување. Се работи за незгоден ривал кој сигурно ќе посакува да освои бодови на домашен терен. – изјави Наум Вељаноски.

Извор: OhridNews.com

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com