Фудбал
Велеа дека ќе биде подобар од Роналдо, но стана обичен дилер на дрога
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ужива во светската слава, а неговиот сонародник за кој зборуваа дека е поголем талент од Роналдо и дека ќе биде подобар, но стана обичен дилер на дрога.
Фабио Паим беше еден од најталентираните португалски фудбалери. Дури и Роналдо еднаш изјави дека Паим е поталентиран од него.
-Ако мислите дека сум добар, почекајте да го видите Паим, изјави Роналдо кога пристигна од Спортинг во Манчестер Јунајтед.
Но, неколку години подоцна, Кристијано според многумина е најдобриот во светот, додека Паим стана обичен дилер на дрога.
Паим и една жена се уапсени откако полицијата ги прислушувала нивните телефони и утврдила дека препродаваат дрога. При претресот на една куќа во Алкотао, град во Португалија, пронајдени биле 12 грама дрога и запленет е автомобил марка БМВ.
Паим ги минал сите млади категории на репрезентацијата на Португалија, но никогаш не дебитираше за А тимот. Поникнал во Спортинг Лисабон, четири месеци во 2008-ма беше на позајмица во Челзи, остана во Спортинг до 2010-та, а потоа се селеше во клубови од Катар, Луксембург и Малта.