Фудбал
Великанот кој се посрамоти минатата сезона во еден здив се ослободи од дури 11 играчи
Разочарувачката сезона обично значи чистење во соблекувалната.
Манчестер Јунајтед во секоја сезона влегува со најголеми можни амбиции, но работите на теренот не завршуваат според планираното.
„Црвените ѓаволи“ минатата сезона ја завршија без трофеј, а работите да бидат уште полоши, најпопуларниот англиски клуб остана без пласман во Лигата на шампионите.
На „Олд Трафорд“ се надеваат дека со доаѓањето на Ерик тен Хејг за тренер работите ќе се подобрат и дека тимот повторно ќе стане конкурентен.
Дека ќе следат големи промени потврдија и случувањата во петокот кога Јунајтед во краток здив се прости од дури 11 свои играчи.
Од „Олд Трафорд“ си заминаа Единсон Кавани, Ли Грант, Џеси Лингард, Хуан Мата, Немања Матиќ и Пол Погба, но тоа не беше крајот.
Излезната врата им беше покажана и на пет млади играчи, па Д’Мани Мелор, Рис Дивајн, Конор Стенли, Пол Вулстон и Пол Мекшејн беа принудени да бараат нови средини.
Во Јунајтед сигурно се надеваат дека успешно ќе ги пополнат празните места, а звучните имиња допрва доаѓаат. Најголема желба е Френки де Јонг од Барселона.