Ракомет
Велко Маркоски нема да патува на Европското првенство поради повреда
Македонската ракометна федерација денеска излезе со соопштение за состојбата на Велко Маркоски.
Велко Маркоски ќе мора да паузира од две до три недели, стои во соопштението на РФМ.
„Почитувани,
Ве известуваме дека денес се направени последните испитувања на Велко Маркоски, направено е КТ на окото и ЕХО на окото. По добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира 2-3 недели. На Велко Маркоски му посакуваме брзо опоравување“, стои во соопштението на РФМ.