Поврзи се со нас

Фудбал

Велс ја одложи прес-конференцијата на Гигс, селекторот е осомничен за напад врз неговата девојка

Лондон, 3 ноември 2020 (МИА) – Фудбалската федерација на Велс ја одложи прес-конференцијата на селекторот на репрезентацијата Рајан Гигс, објави „Sky Sports“.

Претходно стана познато дека 46-годишниот Гигс беше приведен под обвинение за напад врз неговата девојка. Велшанецот беше испрашуван во понеделникот под сомнение за напад и нанесување телесни повреди, а потоа беше ослободен со кауција во очекување на истрага.

Прес-конференцијата, на која требаше да се објави составот на репрезентацијата на Велс за натпреварите со САД, Ирска и Финска, е одложена поради можно апсење на селекторот. зс/

loading...

Facebook