Connect with us

Фудбал

Венгер доби понуда со која ќе стане нај платениот тренер во светот

Искусниот француски стратег, Арсен Венгер неодамна потврди дека на крајот од оваа сезона, по 22 години, ќе замине од Арсенал.

Венгер дојде во клубот од Лондон во 1996 година, а во разговор со лидерите на клубот решил да го напушти Арсенал по 22 години. Францускиот стратег го потврди ова пред неколку дена, но рече дека нема да се пензионира и ќе ја продолжи својата тренерска кариера.

Англиските медиуми шпекулираат дека Венгер на маса веќе има неколку понуди од Франција и Англија, но исто така и од далечна Кина. Богатите сопственици на кинески клубови сигурно би сакале да го ангажираат Венгер, Телеграф пишува дека тренерот на екипата на Арсенал веќе доби понуда што ќе биде тешко да се одбие.

Наводно, еден од кинеските клубови веќе го контактирал Венгер и му понудил годишна плата од неверојатни 24 милиони фунти. Ако францускиот стратег одлучи да ја прифати оваа понуда, тогаш тој ќе стане најплатен тренер во светот, а во моментов тоа е селекторот на Кина, Марчело Липи.

Сепак, многумина веруваат дека желбата на Венгер е да остане во Европа и наводно, овој искусен тренер трпеливо го чека расплетот на ситуацијата во ПСЖ каде што може да ја добие функцијата на спортски директор.