Фудбал
Венгер го најавува крајот на големата ера и истакна дека знае кој ќе ги наследи Роналдо и Меси
Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер е свесен дека ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси е при крај.
Венгер, како и многумина, е импресиониран од она што го направија Роналдо (35) и Меси (32) во последните години играјќи за големите клубови, но исто така е факт дека влегуваат во доцните години и дека нивниот крај е близу.
„Лионел Меси и Роналдо … Никогаш не сме виделе такви играчи кои би можеле да бидат толку креативни во секоја тешка ситуација. Сепак, јас ќе кажам дека ерата на Меси и Роналдо завршува и време е новите генерации да се докажат пред нас“. рече Венгер.
Кога Португалците и Аргентинецот ќе „исчезнат“, некој мора повторно да ги наследи на престолот, а ако го прашате Венгер – наследниците се познати.
„Мбапе може да стане најдобар и, секако, не го заборавајте и Нејмар“, истакна Венгер во интервјуто за „talkSPORT“
Дуото од ПСЖ навистина ги има сите предиспозиции да станат најдобри во светот, иако многумина ќе кажат дека денес има повеќе ветувачки играчи, кои во иднина ќе имаат можност да бидат на големата сцена и да ги наречат „нов Меси“ или „нов Роналдо“.