Фудбал
Венгер има совет за новиот тренер на Арсенал
Медиумите во Англија се убедени дека нов тренер на Арсенал ќе биде Микел Артета.
Артета долги години е ’десна рака’ на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но ссега ќе започне да работи самостојно и веројатно ќе го има својот прв ангажман во клубот во кој играше.
„Мирор“ тврди дека Артета ќе потпише договор со Арсенал на три и пол години, а додека се чека официјална потврда на овие информации, Арсен Венгер го коментираше евентуалното пристигнување на Шпанецот.
“Тој е интелигентен и страствен тренер со знаење. Верувам дека ќе има одлична иднина во оваа работа. Како асистент би можел да научи многу, но како главен тренер нема искуство. Затоа, најдобро би било тој да биде опкружен со квалитетни луѓе”. рече Венгер.
Во текот на својата играчка кариера, Артета играше за Арсенал од 2011 до 2016 година. Тој исто така беше капетан извесно време.