Фудбал
Венгер ја открива вистинската причина за трансферот на Ремзи во Јувентус
Арон Ремзи го напушти Арсенал по осум години и се пресели во Јувентус.
Велшанецот, кој постигна гол во натпреварот од Лигата на шампионите против Локомотив Москва, се чини дека бил принуден да го напушти Лондон. Барем според неговиот поранешен тренер Арсен Венгер.
„Ремзи сакаше да остане во Арсенал и постигна договор со клубот. Јас се обидов да го продолжам неговиот договор на подолго време, но менаџерите влијаат на одлуките на играчите од време на време. Колку што знам, тој сакаше да остане во Арсенал“, изјави Французинот за „Беин спорт“.