Фудбал
Венгер се надева дека Ливерпул ќе биде поразен
Ливерпул има шанса да го изедначи рекордот на Арсенал, но Арсен Венгер се надева дека тоа нема да се случи.
Арсенал стигна до титулата без ниту еден пораз во сезоната 2003/04, со што постави рекорд во Премиер лигата, а „Редсите“ во моментов се на добар пат да ги соборат непобедливите на Венгер.
„Не би сакал Ливерпул да ја освои сезоната без пораз. Кога ќе направите нешто посебно, тогаш сакате да останете единствениот што ќе успее. Ако „Редсите“ ја освојат титулата без пораз, само ќе можам да им честитам бидејќи рекордите се тука за да се срушат“, рече Венгер.
Ливерпул игра против Вест Хем во понеделник и по 25 кола има 25 победи и едно реми.
Со 19 поени предност пред Манчестер Сити, станува се поизвесно дека титулата ќе се слави повторно на „Енфилд“ по 30 години.
Во споменатата сезона 2003/04 Арсенал беа шампиони со 11 поени предност во однос на Челси, а „Топџиите“ остварија 26 победи на 38 кола со 12 реми.