Фудбал
Венгер се пошегува на збогувањето – Можев да ја сменам историјата на клубот
Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер се пошегува на заминувањето од клубот, и до ден денес жали затоа што тој не успеа да го донесе засилувањето кое ќе ја променеше историјата на клубот.
Се разбира, тоа е во моментов најдобар фудбалер во светот, Кристијано Роналдо, кој некогаш беше многу блиску до трансфер во Арсенал, но на крајот заврши во Манчестер Јунајтед.
„За малку не го донесов Роналдо. Мислам дека тоа ќе ја променеше историјата на клубот. Приказната со него беше многу, многу блиску”, изјави Венгер по 13 години.
Се разбира, за време на 22-годишната ера, Венгер на клупата на Арсенал донесе многу добри играчи, но на прво место беше Французинот Тиери Анри кој ќе се памети во Лондон и во следните 50 години.
Венгер пред неколку дена го предводеше Арсенал за последен пат на на гостувањето кај Хадерсфилд. „Топџиите“ славеа со 1:0 со голот на Аубамејанг.