Connect with us

Фудбал

Венгер: Што и да се случи, за мене Ливерпул е шампион

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, се осврна на неколку интересни теми кога станува збор за Премиер лигата во неодамнешното интервју за „Талкспорт“.

Секако, мораше да зборува и за Арсенал, за кој смета дека го губи идентитетот уште од неговот заминување и дека се надева дека Артета ќе го врати сјајот на Арсенал.

„Јас се грижам за клубот и ги гледам натпреварите цело време. Секако дека ги гледам сите натпревари на Арсенал и верувам дека има посебен начин како тие треба да играат. Се надевам дека Микел знае да го стори тоа“, рече Венгер.

Венгер верува дека без оглед што се случува со првенството, фудбалерите на Ливерпул треба да се чувствуваат како шампиони.

„Тие имаа одлична сезона. Имаат разлика од 25 поени во однос на второпласираниот Манчестер Сити и без оглед каква одлука се носи во Англија, за мене Ливерпул се шампиони“, заврши Венгер.