Connect with us

Други спортови

Венцислав Недев ќе учествува на ИТКФ онлајн голабалниот семинар

Скопје, 1 септември 2020 (МИА) – Селекторот на македонската репрезентација во традиционално карате, Венцислав Недев ќе учествува на ИТКФ онлајн глобален семинар со врвни светски карате инструктори.

Семинарот е закажан за 12 септември.

– На овој онлајн семинар ќе може да учествуваат сите национални врвни каратисти тренери и натпреварувачи членови на светската федерација ИТКФ. Теми на семинарот ќе бидат: практична примена на принципите во традиционалното карате, здравје, биомеханика и карате, психологија и карате, дисциплини во традиционалното карате, етика и ИТКФ судиски правила, соопштија од МТКФ.

Покрај Недев, предавачи ќе бидат и: Владимир Јорга од Србија, Џилберто Гартнер од Бразил, Ричард Јоргенсен од Канада, Елиџио Контарели од Италија и Хусто Гомез од Аргентина. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com