Connect with us

Фудбал

Верати е желба на Перез

Италијанскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Марко Верати, е најновата желба на првиот човек на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Флорентино Перез.

Претседателот на “кралскиот клуб” планира за време на летниот преоден рок да направи сериозна реконструкција на “Сантијаго Бернабеу”, со тоа што ќе ангажира неколку елитни фудбалери. Перез планира да се ослободи од услугите на германскиот интернационалец Тони Крос и на негово место да го ангажира фудбалерот на ПСЖ, кој пак потребната дозвола за поромена на средината ќе ја добие само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 100 мил. евра.