Connect with us

Фудбал

Верати: „Многу е лесно да се игра со Меси“

Марко Верати, играчот од средниот ред на ПСЖ, даде интервју за официјалните канали на францускиот клуб.

Тој зборуваше за некои играчи, особено за Лионел Меси, најдобриот во светот за 2021 година.

Со Меси на теренот, Верати вели дека е многу лесно да се игра фудбал, а не остава без да го спомене Килијан Мбапен.

„Точно е дека со мојата улога треба побрзо да ја разберам играта на новајлиите и да ги зголемам нивните квалитети. Сите го знаат Меси или Хаким, но на теренот тоа е друга работа. Не е тешко да се игра со ваков тип на играчи. Лесно е да се направи додавање до Мбапе затоа што и да биде предолго, тој има брзина. Лесно е да се направи додавање до Меси, кој може да направи огромна контрола со нозете што ги има. Затоа мислам дека на овие играчи им треба само време да изградат нешто колективно и сигурен сум дека тоа ќе се случи наскоро“.