Connect with us

Други спортови

Вербалната војна меѓу Ред Бул и Мерцедес продолжи во Монте Карло, „отровни стрели“ од сите страни

Ред Бул и Мерцедес ќе водат голема битка оваа сезона, како од аспект на конструктори, така и од рангирањето на возачите во Формула 1.

Мерцедес беше поуспешен на почетокот на сезоната, но сепак се жалеше на флексибилното задно крило на Ред Бул, а потоа Луис Хамилтон рече дека Макс Верстапен треба да се докаже на патеката.

Следуваше одговор од шефот на австрискиот тим, Кристијан Хорнер, кој ги тужеше и Хамилтон и Тото Волф за играње психолошки игри.

“Луис ги сака сите тие глупости, па затоа ќе го пуштам да продолжува со тоа. Макс си ја работи својата работа. Фактот што Луис чувствува потреба за тие коментари значи дека Макс почнува да лази под неговата кожа” – рече Хорнер.

“Одлично е, тоа е дел од спортот. Ние сме само на почетокот на шампионатот, не сме ни близу на половина пат. Замислете што ќе се случи кон крајот на шампионатот ако е толку тесно?”

“Мислам дека Тото е повеќе фокусиран на нашето задно крило отколку на следната година. Не знам што прават, но Тото ја знае работата на сите”, додаде Хорнер.

Гран при на Монте Карло се одржува овој викенд и нема сомнеж дека по ваквите изјави ќе биде многу интересно на патеката, особено ако Верстапен и Хамилтон се најдат блиску еден до друг.