Connect with us

Фудбал

Вердер: Пизаро најстар двоен стрелец во Купот на Германија

Напаѓачот на Вердер Бремен, Клаудио Пизаро постави рекорд во германскиот куп. Тој на 40-годишна возраст синоќа постигна два погодока против Атлас Делменхорст (6:1) и стана највозрасниот фудбалер со дадени два гола во историјата на ова натпреварување.

Достигнувањето на Пизаро е поставено на 40 години 10 месеци и 7 дена.

На постара возраст, само 44-годишниот Карл Ламберден успеа да постигне гол во Купот на Германија. Тој еднаш ја затресе противничкта мрежа во 1980 година како играч на Фрехен.

Пизаро го најави своето пензионирање на крајот на оваа сезона.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com