Connect with us

Фудбал

Вернер испрати порака до навивачите на Челзи: Среќен сум што сум дел од овој клуб (ВИДЕО)

Челзи денес официјално потврди дека Тимо Вернер има потпишано договор со овој клуб.

Одличниот германски фудбалер пристигнува во Челзи од Лајпциг каде обезбеди одлични игри во изминатите неколку сезони. Плавите денес и официјално потврдија дека е нов играч на овој клуб, а ќе му се приклучи на тимот на почетокот на следниот месец.

Ова значи дека Вернер нема да игра натпревари во Лигата на шампионите за Лајпциг во август, што сигурно ќе биде голем хендикеп. Вернер денеска излезе на социјалните медиуми и ја испрати првата порака до фановите на Челзи.

 
“Јас сум многу среќен што се приклучив на Плавите од следната сезона. Чувствувам дека ова е вистинскиот чекор за мене и јас сум среќен што сум дел од Челзи и навистина едвај чекам да настапам во дресот на овој клуб. Сакам да им кажам на навивачите дека за кратко време ќе се видиме”, рече Вернер.