Connect with us

Други спортови

Веројатно Мекгрегор нема повеќе да прашува, Волкановски му објасни: Тоа е македонско презиме! (ВИДЕО)

Александар Волкановски, или попознат во УФЦ како Александар Велики пред неколку дена ја забележа 12-тата победа во низа, по што по петти пат ја одбрани титулата во перолесна категорија во УФЦ. Веднаш потоа следуваше прашање или провокација од Конор Мекгрегор на социјалните мрежи кој напиша: Овој Волкановски Полјак ли е?

Сепак, да нема забуни Волкановски објасни:

@byzantine.crusader9 Reply to @rickgrimes169 #volkanovski #australia #greece #fyp #ellada #hella ♬ original sound – Greek Crusader

„Татко ми е Македонец, и моето презиме Волкановски е Македонско. Мајка ми е со потекло од Грција“ – рече Волкановски

 

Инаку, таткото на Волкановски потекнува од битолското село Беранци. Одамна се иселиле во Австралија, каде е роден Александар и кој се натпреварува под австралиското знаме.