Други спортови
Верстапен: Ако имав болид како на Хамилтон, немаше да бидам агресивен
Пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен, постојано во своите изјави го провоцира актуелниот светски првак, Луис Хамилтон
Младиот пилот е познат по агресивниот стил на управување со болидот, но тој има и објаснување за тоа.
„Мислам дека возам исто како во претходните години, но можеби и има мала разлика, сега сум поискусен. Ако имав болид како на Хамилтон, немаше да бидам толку агресивен. Морам да возам така за да бидам конкурентен, инаку многу тешко е да се тркате со таков моќен болид каков што има Мерцедес“, рече Верстапен.