Други спортови
Верстапен доминира во Бразил, и Фетел се насмевнува
Пилотот на Ред Бул Расинг, Макс Верстапен доминираше на сите сесии и ја обезбеди пол позиција. Во првиот ред ќе биде и Себастијан Фетел, додека втори во редот ќе бидат два мерцедеси на Луис Хамилтон и Валтери Ботас.
Чарлс Леклерк е позициониран помеѓу двата германски автомобили, но пилотот на Ферари ќе ја започне трката од четиринаесеттото место затоа што е казнет со десет позиции за некои измени направени во Енергетската единица.
Трката ќе се одржи денеска со почеток во 18:10 часот.
BREAKING: @Max33Verstappen takes pole at Interlagos! ???#BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/4AmOMTWqvE
— Formula 1 (@F1) November 16, 2019