Connect with us

Други спортови

Верстапен физички се пресмета со Окон по трката за ГН на Бразил (Видео)

Пилотот на „Ред Бул“ Макс Верстапен го нападна колегата од „Форс Индија“ Естбан Окон по трката за Големата награда на Бразил и доби казна два дена добротворна работа за ФИА.

Холанѓанецот беше пред победа на „Интерлагос“ но меѓу него и Окон кој заостануваше цел круг дојде до судир во 44.круг по што Верстапен го загуби првото место.

Ова беше најголема причина по трката Верстапен физички да се пресмета со возачот на „Форс Индија.

– Верстапен треба да одработи два дена добротворна работа за ФИА во следните шест месеци, е одлуката на судијата кој ги опомена двајцата возачи.

Од Светската автомобилистичка федерација исто така ги предупредија двајцата возачи дека следниот таков инцидент ќе биде поригорозно санкциониран.

– Ја разбираме фрустрацијата на Макс, но неговото однесување не беше примерно. Слични такви ситуации во иднина нема да толерираме, велат од ФИА.

На трката во Бразил победи  Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес), и покрај освоената титула од овогодишното издание на Формула 1 шампионатот, продолжува да вози на ниво и зад своето име запиша нов триумф.

Оваа победа во Бразил е десетта за Хамилтон во оваа сезона, а 11. победа ќе ја брка за две седмици, кога во Абу Даби ќе се вози последната трка од Формула 1 шампионатот.

Последната трка за оваа сезона во Формула 1 шампионатот е на 25 ноември во Абу Даби