Connect with us

Други спортови

Верстапен го искористи новиот кошмар на Ферари, одличен ден за Мерцедес

Сезоната во Формула 1 денеска продолжи со трката за Големата награда на Франција.

И оваа трка донесе многу возбуда и нов шок за навивачите на Ферари.

Леклер имаше пол-позиција, водеше на почетокот на трката, но се откажа во првата третина од трката, што ја искористи Макс Верстапен, го презеде водството кое го задржа до крајот за нов триумф во сезоната.

Поради наводни проблеми со болидот, Леклер изгубил контрола и излетал од патеката.

Одлична трка возеше Луис Хамилтон во Мерцедес и на крајот заврши на втората позиција.

Гледавме голема борба за подиумот, која на крајот ја комплетираше Џорџ Расел во Мерцедес со третото место и со тоа двајца возачи на Мерцедес завршија на подиумот. Четвртото место го освои Серхио Перез во Ред Бул.

Карлос Саинз се мачеше, но на крајот малку им го разубави денот на фановите на Ферари, на крајот завршувајќи како петти.

Шесто беше Фернандо Алонсо во Алпина, седми Ландо Норис во Мекларен, осмо е Естебан Окон во Алпина, деветти Даниел Рикиардо во Мекларен, а бод доби и Ленс Строл во Астон Мартин.

Верстапен сега има 233 бода во генералниот пласман, што е дури 63 повеќе од второпласираниот Шарл Леклер, кој остана на 170 бодови. Серхио Перез има 163 поени, а Карлос Саинц и Џорџ Расел се на 143 поени.

Во конкуренција на конструктори Ред Бул има 396 бодови, Ферари е втор со 313 бодови.