Connect with us

Други спортови

Верстапен и Хамилтон на иста страна: Време е за Африка

Иако големи ривали на патеката и со различни мислења за многу прашања, Макс Верстапен и Луис Хамилтон, конечно се најдоа на иста страна.

Седумкратниот и двократниот шампион во Формула 1 се согласува дека најбрзиот вагон треба да добие една трка во Африка.

Темата е иницирана од Хамилтон, како единствен возач со темна кожа во Формула 1.

„Мојот сон е да имам трка во Јужна Африка. Секој би имал можност да види за каква прекрасна земја и континент се работи“, изјави асот на Мерцедес.

Со него се согласи и Макс Верстапен, актуелниот шампион.

„Ни треба една трка во Африка. Сега имаме конкуренција на сите континенти, остана само Африка. Тоа е следниот чекор за Формула 1. Имаме историја во Јужна Африка, на пример. Би било прекрасно да се вратам таму“, изјави Холанѓанецот.

Новиот шампионат во Формула 1 стартува на 5 март, а првата трка е закажана во Бахреин.