Connect with us

Други спортови

Верстапен: И јас би бил најдoбaр да го имам болидот на Хамилтон

Возачот на болидот на Ред Бул Макс Верстапен верува дека болидот е пред се, поради разликите што Луис Хамилтон ја освои титулата на светски шампион со Мерцедес.

Британецот неодамна во Мексико ја потврди својата петта титула светски шампион, но Верстапен мисли дека е тој би бил најдобар кога би го имал болидот на Хамилтон.

“Неговиот болид е разликата. Се разбира, тој е одличен возач, но јас би победувал со тој болид. Рикиардо би победувал, но и јас”, кажа Верстапен.

19-годишниот Холанѓанец верува дека Ред Бул за три години, кога ќе се променат правилата, ќе биде конкурентни со Мерцедес и Ферари, а тој ќе има 23 години.

“Тогаш јас ќе имам 23 години и ќе имам уште шест години за да се обидам да ја освојам титулата, светски шампион. Се надевам дека на 30 години ќе имам три или четири титули”, рече Верстапен кој досега во својата кариера до сега има пет победи.