Connect with us

Други спортови

Верстапен имаше пол-позиција, а потоа доживеа катастрофа во последниот свиок

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата денеска во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија.

До крајот на сезоната во Формула 1 остануваат само две трки, а фокусот е на борбата за шампион меѓу Хамилтон и Макс Верстапен. Возачот на Ред Бул има осум бода повеќе од Хамилтон, а борбата се чини ќе трае до последниот круг од сезоната.

Ред Бул беше одличен во повеќето квалификации вечерва, а Верстапен беше значително побрз од возачот на Мерцедес.

Хамилтон успеа да стигне до првата позиција пред самиот крај на квалификациите, а Верстапен имаше уште еден круг во обид да стигне до пол-позицијата пред утрешната трка.

Холанѓанецот со својот Ред Бул едноставно „леташе“ по патеката и речиси сигурно ќе завршеше прв, а потоа направи голема грешка во последниот свиок и се падна во вода.

Верстапен удри во ѕидот со задната десна гума и го запре болидот поради оштетување, што беше крај на квалификациите за него.

Пол-позицијата на крајот ја освои Хамилтон, а неговиот тимски колега Валтери Ботас утре ќе стартува втор. Верстапен мора да се задоволи со третото место, а Шарл Леклер заврши четврти во квалификациите.

Реклама

Facebook

Реклама