Connect with us

Други спортови

Верстапен ја напушта Формула 1, но под еден услов

Во никогаш повозбудливото финале на сезоната во Формула 1, Макс Верстапен стана светски шампион, за прв пат во кариерата.

По контроверзната одлука на директорот на трката Мајкл Маси, Верстапен успеа да го претекне Луис Хамилтон во последното коло од Големата награда на Абу Даби и со тоа да ја освои титулата.

Иако има само 24 години, Верстапен се закани дека ќе го напушти најбрзиот октански циркус на светот под еден услов.

Имено, доколку замине инженерот на Ред Бул, Џанпјеро Ламбиасе, тогаш би следел големиот Холанѓанец.

„Му реков дека работам само со него, кога тој ќе раскине, раскинувам и јас. Се разбира, понекогаш можеме да бидеме прилично строги еден со друг, но јас тоа го сакам.

„Тој мора да ми каже кога сум кретен и јас морам да му го кажам истото. Секогаш му го кажувам тоа.

Во последните неколку години, јас се обидувам да бидам инженер, а тој се обидува да биде возач“.

Патем, Ламбиасе е инженер задолжен за комуникација со ѕидот на возилото и сега е инженер на секоја од 118-те трки на Верстапен во болидот на Ред Бул.

Ламбиасе, кој има италијанско и британско државјанство, е во Формула 1 од 2005 година. Работеше за Џордан, кој смени неколку имиња, а во Ред Бул е од 2015 година.