Connect with us

Други спортови

Верстапен најбрз на првиот тренинг на Хунгароринг

Првиот слободен тренинг на Хунгароринг заврши пред неделната трка за ГН на Унгарија.

Најдоброто време на првиот тренинг го забележа возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој извози најбрз од 21 круг, извози 1:17.555.

Во однос на најбрзите кругови, го следеше двоецот Мерцедес – Валтери Ботас како втор во времето од 1:17.616 и Луис Хамилтон како трет со време 1:17.722.

Карлос Сајнс во Ферари и Пјер Гасли во Алфа Таури беа меѓу петте најбрзи на првото излегување на патеката.

Меѓу десетте возачи со најдобро време во низа беа Фернандо Алонсо во Алипно, Шарл Леклер во неговото Ферари на седмото место, Серхио Перез на вториот Ред Бул, Ландо Норис во Мекларен и Ленс Строл во Астон Мартин.