Други спортови
Верстапен: Оптимисти сме, но мора да работиме напорно
Ред Бул во петокот го претстави болидот за новата сезона во Формула 1, но најави и соработка со Форд од 2026 година. Шампионот Макс Верстапен е оптимист за новата сезона, но очекува Мерцедес и Ферари да бидат поконкурентни од минатата сезона.
Suited up for the 🆕 season 💪 #GivesYouWings pic.twitter.com/u9E0yyPeu2
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) February 3, 2023
Верстапен беше исклучително доминантен минатата година, на патот до својата втора титула. На 22 трки забележа 15 победи, две победи славеше и неговиот тимски колега Серхио Перез.
Сепак, светскиот шампион не сака да влезе во новата сезона со помислата дека неговиот тим и тој се фаворити.
„Не размислувам дали сме фаворити. Мора постојано да работите за да напредувате. Ако не работите, другите лесно ќе ве стигнат, па дури и ќе станат подобри од вас. Како тим се трудиме постојано да се подобруваме и да продолжиме да победуваме, затоа сме во Формула 1. Секако дека сме оптимисти, но дефинитивно мора да работиме напорно“, изјави Верстапен.