Други спортови
Верстапен славеше во Абу Даби за крајот на сезоната во Формула 1
Сезоната во Формула 1 денес официјално заврши со трка за Големата награда на Абу Даби во која славеше Макс Верстапен.
Верстапен конечно успеа да победи во оваа сезона на последната трка. Холанѓанецот започна прв и успеа да ја одбрани оваа позиција и на крајот дојде до победа во сезона во која може да биде задоволен од својот резултат.
На второто место се најде Валтери Ботас кој немаше точно сезона за паметење. Финецот возеше топло и ладно и имаше неколку разочарувачки резултати. Тој денес заврши втор пред неговиот совозач и светски шампион Луис Хамилтон.
Четвртото место му припадна на Албон, а во ТОП 10 завршија и Норис, Саинц, Рикиардо, Гасли, Окон и Строл.
Ферари повторно разочара во согласност со целата сезона. Леклерк беше на 13-та, а Фетел на 14-та позиција и на прилично неславен начин се прости од болидот на Ферари.
Your final classification of 2020 ?#AbuDhabiGP ?? #F1 pic.twitter.com/RpWlMFOeOW
— Formula 1 (@F1) December 13, 2020