Connect with us

Други спортови

Верстапен во Русија започнува од последното место!

Валтери Ботас беше најбрз на првиот тренинг денес во пресрет на ГН на Русија, која се вози в недела.

Луис Хамилтон денеска беше вицешампион, а по него следеше неговиот моментално најголем ривал Макс Верстапен.

Сепак, набргу откако тренингот заврши од Ред Бул, тие одлучија да направат некои промени во болидот на Верстапен, бидејќи не беа задоволни од брзината што ја има на оваа патека.

Од Формула 1 потврдија дека поради овие промени Верстапен в недела ќе стартува од последното место, без разлика каков резултат ќе постигнат утре во квалификациите.

Ред Бул одлучи да направи неколку промени во болидот и беа свесни дека Верстапен ќе стартува последен во недела.

Моторот на болидот на Верстапен беше заменет, што беше потврдено пред почетокот на вториот тренинг.