Connect with us

Други спортови

Верстапен застана во одбрана на Фетел

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, застана во одбрана на Себастијан Фетел од Ферари, по бројните критики за неговото возење и излетувањето на трката за Големата награда на Германија.

Фетел, кој важеше за фаворит на трката и тргна од пол-позиција, по 52 круга водство излета од патеката и не ја заврши трката, а според Верстапен тоа може да му се случи секому.

– Тоа се случи неочекувано. Навистина е незгодно, особено во таа кривина. Со мало блокирање веднаш излетувате. Условите на патеката беа тешки, и на секој можеше тоа да му се случи, истакна возачот на Ред Бул.

Верстапен трката ја заврши на четвртата позиција, а победи возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, кој стартуваше дури од 14-та позиција, но најдобро се снајде во променливите услови на патеката.