Connect with us

Фудбал

Вест Хем го турна Лидс кон испаѓање

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед го победија Лидс Јунајтед со 3:1 пред своите навивачи на Олимпискиот стадион во Лондон, оставајќи го гостинскиот тим со мали шанси да остане во Премиер лигата.

Се започна добро за Лидс кога во 17. минута Родриго погоди за водство. Сепак, следеше пресврт кој го започна Деклан Рајс со гол во 31. минута, а во вториот дел го комплетираа Џерод Бовен (72) и Мануел Ланзини (90+4).

За Вест Хем ова беше 11-та сезонска победа со која „чеканите“ се искачија на 14-та позиција со 40 бодови. Лидс остана на 18. место со 31 бод, два бода помалку од Евертон на 17. позиција.

Лестер Сити, кој е на 19. место со 30 бодови, се уште се надева на спас, но останува да го одигра натпреварот од 37. коло во кој в понеделник (21 ч.) ќе му гостува на Њукасл.

Во последното коло Лидс го пречекува Тотенхем, Лестер е домаќин на Вест Хем, а Евертон ќе му гостува на Бурнмаут.

Во следната сезона Брајтон ќе игра во Лига Европа, а тоа го обезбеди со победата на домашен терен од 3:1 против Саутемптон, кој веќе ги загуби сите шанси за опстанок во елитната класа. Двоен стрелец (29, 40) за Брајтон беше Еван Фергусон, а конечните 3:1 ги постави Паскал Грос (69). За Саутемптон единствениот признат гол го постигна Мохамед Ељунуси (58), додека голот на Волкот за 2:2 беше поништен поради офсајд.

Брајтон го обезбеди шестото место со 61 бод и гол разлика +20. Саутемптон е последен со 24 бода.