Поврзи се со нас

Фудбал

Вест Хем планира да го купи Дембеле во јануари

Лондон, 8 ноември 2020 (МИА) – Премиерлигашот Вест Хем има намера да го купи напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, пренесува „The Sun“.

Според лондонскиот весник „чеканите“ треба да му понудат на 24-годишниот Французин 30 милиони фунти во претстојниот зимски преоден рок.

Во сезоната 2020/21, Дембеле одигра девет натпревари за Лион и не постигна гол.

„Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 36 милиони фунти. зс/

loading...

Facebook