Connect with us

Фудбал

Вест Хем се вклучи во трката за Скамака

Вест Хем ќе се обиде да го победи Пари Сен Жермен за напаѓачот на Сасуоло , Џанлука Скамака , пишуваат извештаите во Италија.

Според информациите, Чеканите веќе доставиле понуда до Сасуоло во висина од 40 милиони евра. Тие се заинтересирани за уште еден напаѓач – Армандо Броја од Челзи . Сепак, лондончани не се единствениот тим кој сака да го привлече италијанскиот интернационалец. ПСЖ веќе извесно време преговара со „нервердите“, кои и понатаму инсистираат на 50 милиони евра за да го продадат Скамака . Сепак, францускиот шампион нема намера да плати повеќе од 40 милиони евра за него по нивната неуспешна понуда од 35 милиони евра.23-годишниот фудбалер минатата сезона заврши како најдобар стрелец на италијанскиот тим со 16 гола во 38 натпревари.