Поврзи се со нас

Кошарка

Вестбрук ги демантираше информациите за конфликтот со Харден

Хјустон, 14 ноември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Хјустон рокетс, Расел Вестбрук ги демантираше информациите на новинарот Стивен Еми Смит за наводен негов конфликт со првата ѕвезда на „ракетите“, Џејмс Харден.

Смит најави и можно заминување на Вестбрук од Хјустон.

-Ова е целосно измислена информација. Добра ноќ на сите! – напиша Вестбрук под објавата на новинарот Смит од „ЕСПН“ на Инстаграм.

Претходно беше објавено дека 32-годишниот Американец е незадоволен од тоа како тече неговата кариера во Хјустон и дека не сака да игра со Харден. зс/

loading...

Facebook