Connect with us

Кошарка

Вестбрук: Мора да се бориме, знаеме што треба да направиме

Орландо, 11 септември 2020 (МИА) – Бекот на Хјустон, Расел Вестбрук немаше образложение за поразот од Л.А. Лејкерс во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција.

Триесет-годишниот плејмејкер сè уште не губи надеж и е подготвен да се бори, но призна дека потрагата по пресврт ќе одземе многу напор од тимот.

– Немам објаснување. Секој од нас мораше да почувствува дека овој натпревар е премногу важен за да се пропушти. Сепак, се боревме до крај, од сега знаеме што да правиме. За потенцијален пресврт ќе треба многу напор. Секој ќе се чувствува непријатно во својата улога, затоа што ќе мора да жртвуваме некои работи што сакаме да ги правиме. Мора да се бориме, ова е единствена шанса да ги добиеме следните натпревари, изјави Вестбрук по четвртиот натпревар, на кој постигна 25 поени.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com