Фудбал
Ветото укинато: Јувентус доби зелено светло за повторно да ги „запали“ Апенините
Јувентус е далеку најорганизиран клуб во последните години. „Старата дама“ стана исклучително финансиски стабилна и е во состојба да го донесе секој играч од Серија А.
Веќе некое време, на радарот на Јувентус е Федерико Кјеза, идната голема надеж во италијанскиот фудбал. Докажан талент пред кој е светлата иднина.
Голем проблем за „Старата дама“ е фактот дека овој 22-годишник настапува за Фиорентина, или клуб чии навивачи буквално не можат да го поднесат лутиот ривал од Торино.
Сепак, „Бјанконерите“ добија зелено светло денес дека може да одат по Кјеза. Одобрувањето го потврди првиот човек на Виола, Роко Комисо, кој рече дека повеќе нема вето за трансфери во Јувентус.
„Ако Кјеза сака да оди, ние ќе го прифатиме тоа за вистинската сума. Дали во Јувентус? Мислам само на придобивките на Фиорентина. Ако сака да оди нашиот приоритет ќе биде да го добиеме вистинскиот надоместок. Нема вето за ниту еден клуб“, рече Комисо.
За Кјеза, кој со својот силен удар многу потсетува на својот татко Енрик, Интер е исто така многу заинтересиран. За неколку месеци ќе откриеме дали „Старата дама“ повторно ќе може да ги „запали“ Апенините со нов голем трансфер.