Фудбал
Вида го напушта Бешикташ и оди во Англија?
Домагој Вида наскоро би можел да го напушти Бешикташ. Ова одамна се шпекулираше, a главната причина е не толку добрата финансиска состојба на Истанбулскиот клуб.
Претходно се шпекулираше дека Вида ќе замине во Олимпик Марсеј, но сега има шпекулации дека би можел да замине на Островот и тоа кај Славен Билиќ.
Билиќ е на клупата на Вест Бромвич Албион и е добро запознаен со квалитетите на Вида.
Бешикташ би добил десет милиони евра, а таа понуда сигурно би била задоволителна.
Вида има договор до 2021 година со годишна плата од три милиони евра.
Тој е еден од најстандардните играчи оваа сезона, а пристигна во 2018 година.