Фудбал
Видал: Конечно се враќаме во нормала
Фудбалерите на Барселона започнаа да тренираат вчера после скоро два месеци.
Тие добија одобрение и се вратија во тренинг центарот, а како што е веќе познато, првенството во Шпанија ќе продолжи.
Артуро Видал беше повеќе од среќен.
„Конечно се враќаме во нормала. Се надевам дека наскоро ќе можеме да се вратиме на она што сакаме да го направиме најмногу“, изјави Видал за „Марка“.
Тренинзите се вршат според посебна програма. Дозволено е да се работи во групи од шест играчи со пропишано растојание.
Одамна се шпекулира дека Чилеанецот би можел ова лето да ги напушти Каталонците.
Неговиот договор со Барселона важи до летото следната година и ова ќе биде последна можност Каталонците да го продадат.
Покрај Дортмунд, за следните дестинации се споменуваат екипи како Евертон и Интер.