Connect with us

Фудбал

Видал може да го пропушти мечот на сезоната за Интер

Артуро Видал беше заменет на мечот со Болоња викендов во вториот дел поради повреда на бутниот мускул. Сега клупските лекари прават напори да го оспособат за мечот на сезоната за Интер. Имено, утре вечер „Нероаѕурите“ играат против Шахтјор, а само победа ги носи во следната рунда во ЛШ, но треба да се надеваат дуелот помеѓу Реал Мадрид и Менхенгладбах да не заврши нерешено.

Видал поради исклучување, два жолти картони, на мечот со Реал Мадрид, го пропушти мечот со Менхенгладбах кој Интер го доби со 3:2. Сега, неговиот настап и против Шахтјор е неизвесен, а токму тој по доаѓањето од Барселона е еден од најстандардните играчи и миленик на Антонио Конте.