Фудбал
Видал оди во Турција
Артуро Видал сигурно нема да остане во Интер , а нема недостиг од луѓе кои сакаат да го привлечат. Меѓу нив е и турскиот гигант Галатасарај , кој е подготвен да му понуди речиси иста плата како што ја зема Чилеанецот од Нероаѕурите.
Видал има понуди од неколку други клубови – Фламенго, Бока Јуниорс и Интер Мајами, но нивните понуди се финансиски инфериорни од оние на Турција.
35-годишниот играч од средниот ред веќе изјави дека нема ништо против да се врати во Јужна Америка , но во оваа фаза поверојатно е кариерата да ја продолжи во Галатасарај .
Минатата сезона Видал одигра вкупно 41 натпревар на кои постигна 2 гола и 4 асистенции.