Connect with us

Фудбал

Видал вети: Ќе внесам голема страст во играта на Барса

Артуро Видал го направи својот прв јавен коментар како играч на Барселона.

Како што е познато, чилеанскиот халф преминува кај Каталонците, иако долго време беше поврзуван со Интер.

„Ако треба да сум искрен, многу сум среќен. Немам трпение да започнам тренинзи со новите соиграчи и да го носам овој толку славен дрес“, коментира Видал.

„Сакам да постигнам големи работи тука. Ова е сон. Се надевам дека ќе ги постигнам целите. Тука сум за да ги освојам сите трофеи и да давам се од себе. Ќе се борам многу, ќе внесам страст во играта и ќе помагам во секое време на тимот секогаш да победува“.

„Се надевам дека во рок од три години, за кои е договорот, ќе освоиме се, за што се бориме. Возбуден сум од тоа дека ќе играм со Меси, Суарез, Серхио Бускетс. Тоа се одлични фудбалери“, изјави Видал.