Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: 15-годишник во дресот на Борусија Дортмунд, доби и свој дрес

Беше само прашање на време кога младиот Јосуфа Мукоко ќе биде прекомандуван во првиот тим на Борусија Дортмунд. Можеби тоа ќе се случеше пред крајот на минатата сезона, но пандемијата со коронавирусот ги помеша плановите, а можеби и неговата промоција во првиот тим.

За овој 15-годишен напаѓач се зборува подолго време, во младинските категории е вистински феномен, а наскоро ќе добие шанса да се покаже помеѓу првотимците. За почетак само ќе тренира со првиот тим на „Милионерите“.

Имено, официјално е потврдено дека 15-годишниот вундеркинд предсезоната 2020/2021 ќе тренира со најдобрите, а од стручниот штаб доби и дрес негов со бројот 18.