Фудбал
ВИДЕО: 30 минути за Чурлинов – Лева го реши баварското „дерби“
Баерн Минхен го победи Аугзбург со 1-0 во соседското баварско дерби. По шокот од Кил и срамната елиминација во Купот, Баерн многу се мачеше против Фрајбург изминатиов викенд и победи со минимални 2:1, а вечерва одново разликата на теренот ја направи еден гол, и тоа постигнат уште во раната фаза.
Важна победа забележа РБ Лајпциг, кој на домашен терен беше подобар од Унион Берлин (1-0). Голот вреден три бода го постигна Форсберг во 70. минута по асистенција на Дани Олмо, па Лајпциг на табелата успеа да го скокне Баер Леверкузен.
На останатите натпревари Арминија Билефилд доминантно победи со Штутгарт (3-0), а единственото реми го одиграа Фрајбург и Ајнтрахт Франкфурт (2-2).