Фудбал
ВИДЕО: 30 минути за Елмас во лудиот триумф на Наполи против Кротоне
Во рамките на 29. коло, Наполи на Ељиф Елмас на домашен терен славеше против Кротоне со 4-3 (3-1).
Домаќините брзо поведоа со 2-0 со головите на Инсиње во 19. и Осимхен во 22. минута. Три минути подоцна гостите намалија на 2-1 со голот на Сими, а до крајот на првиот дел Мертенс во 34. минута повторно донесе предност од два гола за наполитанците.
Во второто полвуреме избраниците на Гатузо му дозволија на гостинот преку Сими во 48. и Месиа во 59. минута да израмни на 3-3.
Ељиф Елмас доби шанса во 62. минута, по која Наполи веднаш се разигра и преку Ди Лоренцо во 72. минута успеа да стигне до триумф од 4-3.