Фудбал
ВИДЕО: Алавес промаши пенал за реми – Сусо со „голчиште“ донесе победа за Севилја

Со денешната победа Севлија повторно се најде меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата. Во рамки на 19. коло од премиер лигата, славеше победа кај Алавес 1-2.
Јусеф Ел Несири донесе експресно водство за гостите од Андалузија уште во третата минута, но Алавес се врати преку Едгар Мендез во 15-тата минута, пред Сусо во 30-тата минута да го врати водството на Севилја со фантастичен гол од најмалку 25 метри. Алавес имаа совршена шанса да израмнат во 90-тата минута, но Хоселу не беше прецизен од белата точка.
