Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Албанец прослави гол како Роналдо, па по мечот Кристијано му го исполни сонот!

Мирто го прослави постигнувањето на голот во стилот на Роналдо, има 25 години, во август оваа година потпишува со Ференцварош. Мирто Узуни постигна гол за Ференцварош во поразот од Јувентус во четвртото коло од Лигата на шампиони, а интересно е тоа што албанскиот фудбалер го прослави погодокот во стилот на Кристијано Роналдо.

Мирто после натпреварот му го побара дресот на Роналдо, а Португалецот му го поклони низ насмевка.

Очигледно е дека Мирто е голем фан на Кристијано и навистина е убаво кога се гледаат вакви сцени после натпреварите.